Д-р Шеклер: Вакцината треба да се плаќа 200 евра, тогаш сите ќе фаќаат врски да им биде бесплатна

Вирусологот и микробиологот д-р Миланко Шеклер изјави дека вакцината требало да се наплаќа и тогаш сите ќе се „тркаат“ да ја добијат бесплатно.

Со ова, тој сакаше да потенцира колку што е можно повеќе луѓе да бидат мотивирани да се вакцинираат. Д-р Шеклер на „Прва“ рече дека се залага за платена вакцинација, а не за задолжителна.

Коментирајќи ја задолжителната вакцинација, Шеклер рече дека не ја поддржува таа опција и објасни како би ја решил.

– Јас не сум адвокат, не знам како правото ќе го регулира тоа. Вие имате право на избор и имате право на живот. Мислам дека правото на живот е поважно од правото на избор. Јас сум против вакцинацијата да биде задолжителна, реков дека не треба да биде бесплатна. Ако ги примаат само привилегираните, армијата, полуцијата, здравството, образованието, нека им биде бесплатно. И тогаш трговците да прашаат што не сме ние приоритет? Па, увозниците, оние кои се занимаваат со сообраќај, јас гарантирам со мојот живот дека секоја компанија ќе побара сите да бидат вакцинирани бесплатно. Секој тогаш би сакал да биде привилегиран. Тоа е она што го реков. Дека треба да биде бесплатно за нив, и сто евра за сите други. Еве, нека биде бесплатно до 1 септември, а после тоа, кој сака да се вакцинира, цената да е 200 евра – рече Шеклер.

На невакцинираните не им е забрането ништо, но имаат избор, прецизира вирусологот. Според него, тоа се однесува на одредени земји.

– Во Грција и Франција, невакцинираните лица можат да влегуваат насекаде, но мора да имаат резултат од тест. На никој не им се ускратени правата, не можат да влезат во ресторан, но мора да го имаат едното или другото. Тие имаат избор и избираат што одговара најдобро. Никој не смее да брза никого да го вакцинира. Имам поинаков став кога станува збор за здравствените работници, гледам дека полека се воведува во светот – нагласи тој.

– Ајде да се свртиме вака, дали се сеќавате колку здравствени работници починаа пред вакцината? Имавме четири или пет илјади нови инфекции во април. Но, вакцинирани беа оние што работат во ковид центрите. Кога ќе погледнеш сè таму, немаш дилема, сè е јасно за луѓето што работат таму. Но, треба да им биде јасно на оние кои не се во ковид болниците, тие можат да учествуваат во ширењето на вирусот и да ја зголемат опасноста за здравствениот систем. Многу зависи од тоа каков ќе биде одговорот, но мора да постои разбирање за тоа што значи кога сте вакцинирани, во професионална смисла – рече д-р Шеклер.

19.07.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега