Д-р Стојанов: Ако не се почитуваат мерките ќе предложиме полициски час, комисијата е заморена од осуммесечната постојана работа

Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да може да одговори на сите барања, изјави во интервју за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов.

-Досега не можевме да ги имплементираме мерките кои ги донесовме уште пред десетина дена поради разни административни пречки и во наредниот период ако не се почитуваат ќе предложиме поригорозни мерки, па и полициски час -кажа докторот.

Тпј апелираше да не се почитуваат мерките, за да не се оптерети здравствениот систем.

-Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, жените забременуваат, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да може да одговори на сите барања - вели Стојанов.

Потврди и дека ЦЈЗ останал без тројца вработени.

- Во моментот останати сме без двајца епидемиолога и еден микробиолог. Едниот е на боледување веќе подолго време, другиот најде работа во Холандија и колешка е на породилно отсуство. Имаме отсутни и по други основи, но добиваме и помош од други институции, така да ја компензираме работата, со напор - кажа Стојанов и додаде:

-Секоја добронамерна помош е добродојдена, и комисијата е веќе заморена од осуммесечната постојана работа, сите сме и со други професионални задолженија и обврски и добро би ни дошла помош со нови луѓе со нови издржани идеи ако ги имаат - заклучи Стојанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега