Д-р Стојанов: Крајно сум разочаран од однесувањето на граѓаните, Македонија ќе биде ризична земја

 Епидемиологот, д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за Јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, во изјава за Фактор предупреди дека со непослушноста на граѓаните може да ни се случуваат и четирицифрени бројки на инфицирани со Ковид-19 на дневна основа, нагласувајќи дека во нашава земја серизно недостасуваат казни.

-Крајно сум разочаран од однесувањрто на граѓаните. За се да функционира како што треба, без речиси никаков ризик од зараза со вирусот се дадени протоколи. Но, никаде, ама баш никаде не се почитуваат како што треба. Дури 90% од мерките и протоколите не се спроведуваат. Нормално е да имаме вакви бројки. Јас не можам да разберам дека голем дел од граѓаните се уште не веруваат дека вирусот постои, а посебно ме загрижува тоа што дури и здравствени работници велат дека Ковид-19 не постои. Се додека владее ваквото мнение, и се додека свеста на народот не се промени, а да бидам искрен и не очекувам да се случи пресврт, Македонија ќе биде ризична земја кога станува збор за ширењето на заразата со корона вирусот, вели за Фактор, д-р. Стојанов.

Тој посочи дека пред се плажите, каде младите прават журки, автобусите кои превезуваат патници, како и транспортот во кои се возат вработените во конфекциските фабрики во источните градови во Македонија потфрлаат во непочитувањето на мерките.

-Автобусите од Скопје до Охрид и обратно се преполни. Каков 50% од капацитетот, тие се полни до последното место. Каде е потребното растојание? На плажите не може игла да падне. Журки преку ден, журки навечер. А, потоа ќе кукаат родителите, немале да ги пуштаат децата во школо. Па тоа ќе бидат единствените контролирани средини, каде што ризикот од зараза е сведен на минимум. Да не зборувам за превозот на конфекциските работници, ништо не се почитува, ништо, разочарано појаснува д-р. Стојанов.

Во оваа насока, тој прашува каде се инспекторатите, (трудов и пазарен) нагласувајќи дека тие се надлежни за затворање на објекти и места, каде се прекршуваат здравствените протоколи, а истовремено напоменува дека епидемиолозите по 6 месеци се крајно исцрпени од состојбата во земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега