Д-р Стојанов: Сѐ повеќе млади завршуваат на кислородна поддршка или на респиратор

Сѐ помлади лица без претходни заболувања завршуваат на респиратор или на кислородна поддршка во македонските болници како последица на ковид-19, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител.

– Ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик беа повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата според епидемиолозите е обратна. Сега се повеќе млади луѓе ни заболуваат. Имаме ситуација кога помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно. Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане, но кусо е времето за да го осознаеме – вели др. Александар Стојанов.

Најголемо жариште на вирусот е главниот град каде во моментот има повеќе од 2000 активни случаи.

– Со кластери е полесно, ги знаете луѓето и ги изолирате, но сега веќе е излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир сѐ уште води но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји –вели др. Стојанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега