Дајте ми лабораторија и ќе ги излечам сите: Судениот фармакомафијаш, која ја кренал цената на лековите за 35 пати, дал безобразна понуда

Мартин Шкрели, кој станал злогласно познат како "Фарма Бро" откако масовно ја зголемил цената на лековите кои спасуваат животи, побарал да биде пуштен од затвор за да може да работи на лечењето на коронавирусот.

Шкрели моментално издржува седумгодишна казна затвор поради пресуда за измама со хартии од вредност по измамата на инвеститорите во хеџ фондовите со кои управувал пред влезот во фармацевтската индустрија. 

Но, во научното списание објавено на веб страната Prospero Pharmaceuticals, Шкрели побарала краток тримесечен отпуст од сојузниот затвор во Аленвуд во Пенсилванија, за да може да истражи потенцијални лекови за COVID-19.

"Барам краток отпуст од 3 месеци за да можам да помогнам во истражувачката работа на COVID-19", напишал Шкрели. "Да се биде ослободен во пост-корона свет не е утеха дури ни за затворениците".

Шкрели ги отфрлил напорите на фармацевтската индустрија да пронајде лек како неадекватни и себе си смета за еден од ретките раководители со искуство во сите аспекти во развојот на лекови.

"Одговорот на индустријата на COVID-19 е неадекватен", напишал тој. "Сите биофармацевтски компании треба да одговорат со сите ресурси во борбата против оваа здравствена опасност. Донациите на овие вредни компании не одат доволно далеку".

"Медицинските хемичари, структуралните биолози, ензимолози и одделенијата за развој и истражување на биологија во секоја фармацевстка компанија би требало да работат се додека COVID-19 веќе не постои".

Во фуснотата на весникот од 11 страни, Шкрели е идентификуван како "граѓанин научник", а неговите ко-автори изјавиле дека придонесот на Шкрели во ова време е неопходен.

Во трудот е прикажан напор да се идентификуваат лекови кои може да имаат влијание на COVID-19. Шкрели и неговите ко-автори тврдат дека користеле софтвер за да го тој број да го сведат на 8 лекови.

Шкрели, за кого не е планирано да биде ослободен до септември 2023-та година, исто така тврдел дека не му е платена работата наведена во документот и рекол дека не очекува заработка за придонесот во борбата против коронавирусот.

"Поради избегнување на двоумење, не сум платен за ниедна, ни за оваа работа во затворската болница", напишал тој.

"Не очекувам на било кој начин или облик да заработам од лечењето на коронавирусот. Верувам дека секоја компанија која развива лек за коронавирусот треба да се обиде да ги надомести трошоците и да биде подготвена работата да ја врши како државна служба".

Адвокатот на Шкрели, Бенџамин Брафман, рекол дека ќе поднесе формално барање за Шкрели да може да ги врши своите истражувања во лабораторија под строг надзор.

"Господин Шкрели подготвил предлог за истражување на коронавирусот кој точно може да им помогне на научниците и лекарите подобро да сфатат како да се носат со коронавирусот кој убива многу луѓе", рекол Брафман.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега