Дали малите партии ќе го напуштат Заев ако не добиеме датум за старт на преговорите?

Лидерите на малите политички партии вчера заминаа средбата со Премиерот во заминување Зоран Заев незадовлни дека Алтернатива доби многу повеќе од нив но истовремено свесни дека партијата на Гаши добро ја искористи ситуацијата во која се наоѓа нивната владејчка коалиција. Покрај проблемот со неправилната рапсределба на ресорите, малите политички партии имаат серија замерки и за останатите делови од Договорот меѓу Заев и Гаши.
Главен проблем е подадената рака на Заев за ревизија на судски случаи меѓу кои и такви во кои има пресуди за тероризам.

Лидерот на НСДП Тито Петковски рече дека Алтернатива ставила фокус на партиските интереси пред државните и истапила со маскималистички барања но дека од друга страна Владата добила пристојно мнозинство со кое како што вели ќе може да ја реализира програмата.
Незаадволството вчера во Тема на Денот во централниот Дневник на сител не го криеше ниту лидерот на ДС, ПавлеТрајанов кој коментираше дека во новиот Владин кабинет ќе има повеќе министри етнички Албанци отколку Македонци што според него ќе го наруши етничкиот баланс и може да има последици врз општата меѓуетничка клима во земјава.
Трајанов не ја отфрли можноста за да им се излезе во пресрет на сите коалициони партии владиниот кабинет да биде проширен со уште неколку министри без ресор што за граѓаните ќе значи дека во екот на енергетската и економска криза ќе треба да плаќаат дополнителен број функционери заедно со целите нивни кабинети, пракса која актуелната влада ја прекина при формирањето на последниот кабинет.
Малите политички партии потврдија дека тука не завршуваат разговорите со СДСМ, бидејќи новба рунда ќе има тогаш кога партијата ќе избере нов Претседател кој ќе треба да биде и мандатар на новата влада. Планот е конечен договор да биде направен на почетокот од наредната недела.
Никој од малите коалициони партнери не кажува што ќе се случи доколку Македонија не добие датум за старт на преговорите. Сите неофицијално велат дека тоа ќе биде голема политичка криза за Македонија.

07.12.2021 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега