Данела Арсовска ќе биде назначена за нов претседател на „Нова Алтернатива“
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска утре ќе биде назначена за нов претседател на политичката партија „Нова Алтернатива“, соопштуваат од партијата.
„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива г-ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.
Иако неодамна таа најави дека ќе формира своја политичка партија со цел да учествува на престојните избори, сепак таа ќе ја води оваа партија. Арсовска ја партијата на Ѓорѓи Оровчанец – „Нова Алтернатива“, која од 2008-ма година е во коалиција со СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа