Данев: За три години СДСМ не направи ништо во образованието

Граѓаните ја губат довербата во образованието. Анкетата на Детектор јасно покажува дека во времето кога СДСМ ја практикува власта, значително се намалува довербата на граѓаните во образовниот систем, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.
Тој потенцира дека за 3 години власт, Владата на СДСМ не ги реализирала ветувањата кои ги дала пред изборите

„ За три години власт имаме само старо-нов закон за високо образование и старо нов закон за основно образование и некоја промена во законот за наставници. Апсолутно ништо друго. Се што можеше да се укине го укинаа, како екстерното, еве сега фокусот го ставаат и на Кембриџ наставните планови и програми. Немаме усовршување и доопремување на овие гимназии, спортските гимназии, останатата образовна инфраструктура. Едноставно, падот на довербата во образовниот систем е затоа што еден од основните постулати на оваа владејачка гарнитура во предизборието беше образованието покрај загадувањето, иселувањето и.т.н.
И очекувањата на граѓаните што се однесува на СДСМ и воспитно образовниот процес и негово унапредување беа огромни и доживеаја како и во другите сектори апсолутно целосно фијаско“ – вели Данев за Детектор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега