Даниловски: Да се воведе скалесто работно време за луѓето да не се туркаат како сардини во автобусите

„Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат кажа епидемиологот Драган Даниловски, во Студио 10 на ТВ24.

„Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус. Исто така, во Источна Македонија конфекциите го разгореа вирусот. И тој момент треба да се земе во предвид“ , кажа д-р Даниловски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа