Дебар и Центар Жупа утре седум часа без вода

Општините Дебар и Центар Жупа, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар, утре во периодот од 9:00 до 16:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Според Мазлум Леши, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандрад“,кое стопанисува со водоводот, прекинот е поради техничка интервенција на каптажата во Росоки, што ќе ја врши екипа стручни лица од Скопје, заедно со вработените на претпријатието.

Во Дебар и Центар Жупа, веќе е воведена повеќечасовна рестрикција во водоснабдувањето, која во Дебар трае седум и пол, а во Центар Жупа 12 часа.

Тоа, како што велат од управите на општинските комунални претријатија, е поради злоупотребата на водата за пиење, а со цел вода да имаат подеднакво сите делови во градот.

Денеска поради техничка интервенција во Хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар, во периодот од 10:00 до 14:30 часот без електрична енергија беше целото дебарско конзумно подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега