Дебарчанец починал од коронавирус во САД

Граѓанин со потекло од Дебар починал во Соединетите американски држави како последица на заболувањето Ковид - 19, објави „Фактор“. На социјалните мрежи веќе му се оддава последна почит, а во известувањето стои дека и покрај тоа што бил лечен во еден од најразвиените здравствени системи во светот односно во САД, докторите не успеале да му помогнат.

 

Според информации на „Фактор“ починатиот пред извесно време бил во Дебар, а бил и на погребот на кој присуствуваа двајцата сопружници кои сега се заболени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега