„Дејли мејл“: Дебелите луѓе се изложени на поголем ризик од Covid-19

Речиси две третини од сериозно болните пациенти со коронавирус се дебели и скоро 40 проценти се под 60-годишна возраст, открива истражувањето на National Health Service.
Шеесет и три проценти од пациентите со коронавирус на интензивна нега во болниците во Велика Британија се со прекумерна телесна тежина, дебели или морбидно дебели, пишува „Дејли мејл“.
Додека просечната возраст на луѓето кои страдаат од најсериозните симптоми на коронавирус е 64 години, 37 % се на возраст под 60 години.
The Intensive Care National Audit and Research Centre ги анализирал сите приеми во единиците за интензивна нега во Велика Британија до полноќ минатиот четврток. Во тоа време, во ICU имало 194 пациенти со коронавирус. Се смета дека тој број се зголемил во последните четири дена.

Документот го обезбедува првиот детален преглед на пациенти на кои им била потребна деноноќна нега и го засилува разбирањето на лекарите за вирусот што го осакатува општеството. Во него се вели дека дебелите луѓе се изложени на ризик од сериозни компликации од Сovid-19.

Во извештајот се наведува дека повеќето пациенти со коронавирус на интензивна нега биле машки (71 % од сите случаи), а само 18 пациенти (9 %) имале сериозни коморбидитети, како што се срцеви заболувања или белодробни заболувања, додека две пациентки биле во последните шест недели од бременоста.
Студиите покажале дека дебелите луѓе имаат поголема веројатност да се соочат со сериозни компликации или да умрат од инфекции, како што е грипот.
Вишокот на тежина го отежнува ширењето на дијафрагмата и белите дробови и вдишувањето накислород. „Прегладнети“, без кислород, органите ќе почнат да откажуваат. Овие фактори можеби и објаснуваат зошто белите дробови на дебелите луѓе имаат тенденција на побрзо пропаѓање кога ќе нападне новиот коронавирус, во споредба со здрава личност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега