Дел од Општина Бутел денеска без вода
Прекин во водоснабдувањето денеска од 10:05 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Краишка“ и „Натанаил Кучевишки“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „Хо Ши Мин“ 249 во населба Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.
25.08.2020 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа