Делегација на СДСМ положи свежо цвеќе и оддаде почит на браќата Св.Кирил и Методиј

Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј , основоположници на словенската писменост и култура, делегација на СДСМ положи свеќо цвеќе пред  споменикот на првите патрони на првиот државен универзитет во Скопје, пред платото на УКИМ.

 
Со полагањето цвеќе, делегацијата составена од портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски, пратеничката на СДСМ, Даниела Николова и членката на Извршиот одбор, Мелиса Ценовска – Серафимовска, оддаде почит и благодарност за просветителска мисија на браќата Кирил и Методиј меѓу словенските народи и нивниот исклучителнио цивилизациски придонес за Република Северна Македонија,  Европа и светот.

 
Нивната мисија води кон создавањето глаголицата, првата азбука, од која подоцна се создава кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

 
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
24.05.2022 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега