Делегација од собраниската Комисија на финансирање во посета на Загреб

Делегација на собраниската Комисија за финансирање и буџет предводена од претседателката Лилјана Кузмановска од денеска до четврток ќе престојуваат во студиска посета на Загреб.

Целта на посетата е пратениците да се запознаат со соработката меѓу Државниот завод за ревизија од една страна и Парламентот на Хрватска и Комисијата за финансирање и буџет од друга страна, како и начинот на разгледување на ревизорските извештаи. 

Посетата е во рамки на твининг проектот на ЕУ-ИПА „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“. Во рамки на една од компонентите на проектот, предвидено е зајакнување на капацитетите и соработката на Државниот завод за ревизија со Собранието на Република Македонија, што е под особен мониторинг на Европската Унија.

 

 

 

23.04.2018 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа