Демант по објавата во електронските медиуми за поврзаност на Супертрејд и Владимир Стајиќ со случајот “Рекет”

По објавата за поврзаност на Супертрејд и Владимир Стајиќ со случајот “Рекет”, објавен е демант, а во прилог се доставени и документи  кои се доказ дека компанијата не е поврзана со случајот, велат од  Компанијата “Супертрејд”.

„По објавата во одредени медиуми за поврзаност на Владимир Стајиќ, “Супертрејд” и “Галф Оил” со лица обвинети во случајот “Рекет” и нивните активности, ја користиме оваа прилика да ја демантираме лажната вест која што се објавува во македонските медиуми. 

Документите кои Ви ги испраќаме во прилог целосно ја демантираат поврзаноста на нашата компанија со лицата. Јасно и недвосмислено ги отфрламе лажните вести кои го посочуваат лицето Зоран Милевски како еден од членовите на нашата сопственичка структура. Компанијата “Супертрејд” е семеен бизнис започнат во далечната 1991 година и од тогаш до денес истата компанија претставува 100% сопственост на фамилијата Стајиќ. Истото може согласно Законот за достапност на информации да биде лесно проверено и докажано, но во интерес на демантирањето на овие лажни вести, во прилог Ви ја праќаме тековната состојба на компанијата. 

Наводните гласини дека возилата во сопственост на Владимир Стајиќ се поврзани со случајот “Рекет” се исто така невистини, а во прилог на овој демант Ви испраќаме и дел документите за нивна купопродажба. 

Ваквите лажни вести и обвинувања за Владимир Стајиќ, “Супертрејд” и “Галф Оил” нанесуваат голема штета на угледот на нашата компанија и на нашите глобални партнери. Со оглед дека невистините кои се објавени го нарушуваат и угледот на “Галф Оил” како еден од водечките светски производители на горива, сакаме да го најавиме стартот на нашата правна битка против невистините и лажни вести кои се креирани со цел да се наруши имиџот на компаниите наведени погоре. 

Доколку оваа наша тужба за клевета биде потврдена од страна на судските инстанци во нашата држава, надоместокот ќе го донираме во стипендирање на младите истражувачки новинари и во хуманитарни цели“ се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега