Демократски сојуз: Стратегијата за ЕУ е во колапс

Демократскиот сојуз смета дека стратегијата на Македонија за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија е во колапс и истата треба да се редефинира.

Од партијата велат: неразбирливo е тоа што министерот за надворешни работи пред некој ден објави дека имаме предлог-договор доставен до Бугарија и чекаме на нивна согласност, па покасно откако Бугарија изјави дека нема таков договор (или го отфрлиле), тоа било предлогот на Португалија, па Германија соопшти дека во 2020 година сме ја чекале Албанија за заедно да ги почнеме преговорите (сега Албанија сака да оди пред нас), па отворање на Културен центар на Бугарите, “Иван Михајлов” во Битола, изјавата на потпретседателката Јотова, дека досега од Македонија никој на барал признавање на Македонците во Бугарија, дополнително и изјавата на бугарскиот кодош, поранешен министер за одбрана :”Огин да ја гори Македонија без Бугари” итн.., се факти кои сугерираат темелно преиспитување на Стратегијата на Македонија за полноправно членство во ЕУ (ако воопшто ја имаме), која е очигледно погрешна, како и тајните разговори кои се водат со Бугарија за деблокада на овие процеси.

Демократскиот сојуз предлага министерот за надворешни работи Бујар Османи, да го инфирмира Парламентот за сите аспекти на нашите евроинтегративни процеси, како и за разговорите со Бугарија.

„Со Бугарија треба да градиме добри односи на реципрочна основа и да ги отфрлиме нерационалните историски барања, кои не кореспондираат со историските факти и 21 век“, додаваат од партијата.

 

17.04.2022 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега