Ден полн трагедии во Македонија: Почина маж

Околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот П.С.  од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Д.П.  од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Охрид. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега