Денес е Пресвета Богородица – Пречиста: Се верува дека на овој ден нејзината икона има чудотворна моќ

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица.

Овој ден е посветен на Богородица кога за прв пат со своите родители го посетила светиот храм, за да го посветат своето дете на Бог.

Според народните преданија Богородица се смета на заштитничка на жените и се верува дена нејзините икони имаат голема моќ на овој ден, па оние кои немаат деца денес треба да појдат во црква и да се помолат на Богородица.

Се верува исто така дека Богородица ги штити и сточарите и стоката од дивите ѕверови, а ако на овој ден е ведро небото се верува дека се предскажува добар род на земјоделците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега