Денеска е Свети Кирил Александриски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јуни.

Денеска е Свети Кирил Александриски.

Се роди во Александрија, во втората половина од четвртиот век. Потекнуваше од благородно семејство и беше роднина со тогашниот александриски архиепископ Теофил.

Подолго време се подвизуваше во Нитриската пустина, под раководство на старец Серапион. Оттаму го повика архиепи¬скопот Теофил и го ракоположи во чин ѓакон. Кога во 412 година Теофил се упокои, народот го избра Кирил за нов епископ на Александрија.

Во негово време се појави ереста на Несториј, кој на Христос му ја одрекуваше божествената природа. Разобличувањето на оваа ерес на Третиот вселенски собор во 431 година во голема мерка е заслуга на свети Кирил. Свети Кирил Александриски се упокои во 444 година.

 

 

 

 

22.06.2018 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега