Десет лица уапсени на вчерашните протести пред Собранието

 

Во периодот од 19.30 до 23.00 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје,  пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“. кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел.

Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.

 

 

 

14.06.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа