Десет лица во Македонија ќе добијат кривична пријава поради непочитување на полицискиот час

Десет лица добиле кривична пријава откако биле фатени дека се шетаат за време на полицискиот час во Македонија, информира МВР.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Н.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 околу 00:30 часот пред продажен објект на ул.„Војводинска“ во Прилеп, пријавениот без дозвола се движел и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Д.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 02:30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, пријавената без дозвола се движела и не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против В.Л.(39) од с.Покрвеник, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22:10 часот, пријавениот без дозвола и оправдана причина за итност се движел со патничко возило „форд“ на патниот правец Ресен - с.Царев Двор и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(34) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 00:30 часот пријавената била затекната на ул.„Прилепска“, во близина на место викано „Ат-пазар“ во Битола, односно не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.М.(35) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 22:00 часот пријавениот без дозвола се движел на ул.„29 Ноември“ во Ресен и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.С.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 22:45 часот пријавениот, без дозвола се движел на ул.„Солунска“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(19) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 01:25 часот пријавениот без дозвола се движел на ул.„8 Септември“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(19) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 01:25 часот пријавениот без дозвола се движел на ул.„8 Септември“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 23:05 часот пријавениот, без дозвола се движел со патничко возило на ул.„Столарска“ во Битола и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против М.К.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21:20 часот пријавениот без дозвола се движел со патничко возило „алфа ромео“, на место викано „Гранит“, на излезот од Ресен кон Битола, и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега