Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција

Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави Анадолија.

Девојчето со сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени.

Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи од лице место.

Бројот на загинати од вчерашните земјотреси во Турција се искачи на 4.544 жртви, соопшти вечерва претставник на турската Агенција за справување со катастрофи

07.02.2023 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега