Десетина пожарникари на терен - Локализиран пожарот кај Пребег

Пожарот во близина на штипската населба Пребег е локализиран, информира за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов. Пожарот е пријавен во 17 часот. Според првичните информации гореше сува трева и ниско стеблеста шума. Околу десеттина пожарникари излезгле на терен, со цел пожарот кој го зафатил ридот да не пристигне до блиските куќи.

Жителите во централното градско подрачје и во штипската населба Ново Село ја почувствуваа миризбата од чадот, што беше разнесен од силниот ветер.

Атанасов вели дека во исто време втора екипа на пожарникари работат на остранување на паднато дрво на локалниот пар кон село Таринци. Дрвото паднало поради силниот ветар, што во моментов се смирува. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега