Дескоска: Имплементирање на меѓународни стандарди, а не обиди за избегнување на одговорност на сторители на кривични дела

Денеска се одржува првата средба во Министерството за правда на која треба да се разгледуваат забелешките и амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, во кое е регулиран и статусот и автономијата на Специјалното јавно обвинителство.

На средбата, од страна на Министерството за правда  учествува министерката Рената Дескоска,  додека пак делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Тони Менкиноски, а присуствува и претставник на ДУИ, г. Артан Груби.

Пред почетокот на средбата, министерката Дескоска даде изјава за медиумите која ја пренесуваме интегрално.

-Денеска е првата средба на којашто треба да дискутираме поконкретно за забелешките коишто ги има ВМРО ДПМНE за Законот за Јавното обвинителство. Согласно договорот кој го имаме за работата на работната група, ВМРО ДПМНЕ треба да достават амандмани на законот со цел да можеме да работиме ефикасно, за да може да се донесе законот согласно роковите коишто ги имаме од Европската Унија. 

Се што ќе значи подобрување на текстот во насока на имплементирање стандарди на ЕУ – ќе бидат прифатени. Секако, заедничката желба на Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија е да имаме текст којшто ќе значи имплементирани меѓународни стандарди, но, секако, сите присутни на состанокот мора да бидат свесни дека под стандардите коишто ќе значат објективно, капацитетно Јавно обвинителство, и СЈО како траен орган, не можеме да отидеме, бидејќи носење на закон само за да се донесе без оглед на квалитетот не е нешто што можеме да го оправдаме, ниту пак е потребно. Од таа причина мојата порака до сите учесници денеска е дека мораме да работиме заедно на носење на квалитетен закон којшто ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување на одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела. 

Во однос на прашањето за барањето на ВМРО – ДПМНЕ, Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори:  

„Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицковски, ниту Зоран Заев, ниту пак Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор кој ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање коешто ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство. 

Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање на систем заснован на принципи којшто ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на било кое обвинителство.”

Какви се шансите да се добие обвинител по избор на опозицијата беше следното прашање на кое министерката за правда одговори:

„Препораките кои ги имаме за начинот на избор, за критериумите, укажуваат дека треба да имаме процедура во којашто политичките партии нема да имаат мешање. Тоа се европски стандарди и ние ќе се залагаме за имплементирање на европските стандарди со цел законот да биде позитивно оценет од Европската Комисија и да ни се овозможи отворање на преговорите.”

„Во рамките на Законот за Јавното обвинителство, содржани се и решенијата за СЈО. Главната дебата согласно најавите коишто ги слушнавме од Мицковски очекуваме да се води околу СЈО, но ако има и препораки за подобрување на текстот во другиот дел на текстот ние сме подготвени да разговараме и за нив”, истакна Дескоска.

„Во рамките на Законот за Јавното обвинителство, содржани се и решенијата за СЈО. Главната дебата согласно најавите коишто ги слушнавме од Мицковски очекуваме да се води околу СЈО, но ако има и препораки за подобрување на текстот во другиот дел на текстот ние сме подготвени да разговараме и за нив”, истакна Дескоска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега