Деспотовски: Членството ќе избира кандидати за градоначалници и пратеници

 

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на партијата.

„Со Програмата „Концепт28“ воведуваме директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите. Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот“, пишува Деспотовски на Фејсбук.

Тој истакнува дека направените многу грешки во кадровската политика ја донеле сметката на избори. „Ги учиме лекциите од минатото, кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува. Човек останува човек.“, истакнува кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.

07.12.2021 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега