Детали: Еден убиен, еден ранет во пукањето од возило во Бутел 2

Престрелка во која е убиено едно лице ги вознемири жителите на Бутел 2. Инцидентот се случи доцна вечерва на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, јавуваат медиумите.

Од МВР за „А1он“ велат дека според првичните информации, пукано било од возило кон друго, марка „голф“ во кое имало две лица. ТВ 21 јавува дека другото лице е тешко повредено и префрлено на Клиника.

-Во СВР Скопје околу 22 часот пријавено е пукање од возило кон друго пмв „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, односно на паркингот. Во возилото „голф“ во кое било пукано, биле две машки лица од кои едно им подлегнало на повредите во Клинички Центар. Увидна екипа на терен работи на расчисување на случајот, велат од МВР за „А1он“.

Како што пишува порталот, неофицијални информации велат дека убиениот маж ѝ е познат на полицијата од претходни престрелки. Неговото име се поврзува и со пукањето во хотелот Александар Палас во декември 2019 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега