Детали од сообраќајката на патот Охрид - Ресен: Три лица се повредени

Вчера на магистралниот пат А3 Охрид – Ресен се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(58) од с.Грнчари, ресенско во кое сопатничка била С.Е.(53) од с.Грнчари, ресенско, патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(40) од с.Мислодежда, струшко и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(58) од Битола.

Сопатничката од првото возило С.Е. и возачот на третото возило Д.Г. се пренесени во Специјална болница „Св. Еразмо- Охрид“ каде им се констатирани повреди, а кај возачот на првото возило М.Е. во Општа болница Охрид се констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид .

24.05.2022 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега