Детали за инцидентот во ГОБ „8 Септември“

МВР ги соопшти деталите за инцидентот во Градската општа болница „8 Септември“. Две лица насилно се обиделе да земат тело на почината жена.

-Вечерваво 19:00 часот лекари од Ковид центар во ГОБ 8 Септември пријавија дека од страна на неколку лица добивале сериозни закани по живот, а причина било тоа што лицето Б.Ф.починала во болницата, а истата била позитивна на Ковид 19. По излегување на лице место затекнати се лицата Б.Ш. (32) Б.С. (29), инаку синови на починатата, кои сакале насилно да го земат телото на починатата, велат од полицијата.

Лицата се приведени во ПС Гази Баба, известени се Единицата за насилен криминал и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега