Детали за инцидентот во Градската болница

Поголема група лица вчера нападнале вработени во Старата Градска болница во Скопје, а кога дошла полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем зошто групата се нафрлила и на нив.

МВР информира дека во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода 31-годишниот С.М од Скопје поради тоа што во 02 часот и 45 минути во болницата физички нападнал вработен како обезбедување и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот, пренесе Курир.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега