Детали за кражбата во Скопје во која беа украдени 1 милион евра - крадецот влегол во куќата преку балконот

Преку таван од друга куќа која била лепенка за онаа од која вчера беа украдени еден милион евра, разбојникот успеал да стигне до балконот и  со тврд предмет да ја отвори балконската врата и влегол во куќата од која замина со богат плен., дознава МКД.мк

За да ги најде парите не се измачил многу бидејќи дел од нив, односно 800 илјади евра биле оставени во кеса до креветот во спалната соба.

Останатите крадецот ги пронашол во фиоките во истата соба. Ги пребарал и другите простории, но парите ги нашол во спалната соба. 

Според пријавата во МВР кражбата биле извршена завчера во перодот од 19:30 до 21:45 часот во куќа во Скопје.

Сторителот по кого се трага за сега се води како непознато лице кое извршило тешка кражба. Полицијата од увидот на лице место го утврдила начинот на кој сторителот успеал да влезе и да замине од куќата.

Одземени се три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари. Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.

Дополнително ќе се утврдува дали сторителот знаел каде точно се парите, а ги растурил другите простории за да изгледа дека не му било познато што има во куќата или пак влегол сосема случајно, па имал среќа да најде и украде еден милион евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега