Детали за крвавото убиство во Слупчане: Убиени татко и 9-годишно дете

Крваво убиство ја потресе македонската јавност кога синоќа во 22 часот и 40 минути биле убиени две лица во автомобил во Слупчане.

Телма дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атараот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка Опел Астра.

Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.

Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина. Повеќе детали не најавени за во текот на денот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега