Детали за приведувањето на директорот на ЗОО

Директорот на ЗОО – Скопје, Ѓорѓи Галетановски бил повикан во Полициска станица поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, потврдуваат од МВР за Прес24.

-Денеска Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави со недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ.  Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис преземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, велат од полицијата за Прес24.

Галетановски на Фејсбук објави статус со кој ги повикува гласачите на една партија да го чкртнат „Северна“ на гласачкото ливче. Во тој случај ливчето ќе стане неважечко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега