Детали за тешката сообраќајка на Рузвелтова

МВР денеска ги соопшти деталите за тешката сообраќајка која вчера се случи на раскрсницата меѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Рузвелтова.

о 21.15 часот на крстосницата од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(31) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.Ј.(57) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачите Д.А. и И.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, односно во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, појаснуваат од полицијата.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега