Детали за трагедијата: Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија- уапсено едно лице

Наум К. (47) и неговиот син Доне (23) од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија во местото Соренс, во кантонот Фрибург. Нивните тела вчера биле пронајдени на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, објавија швајцарски медиуми, а веста ја потврдија и жители на селото Мокриево.

Според швајцарскиот интернет портал „20 минути“, „татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вауд, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург“, пишува овој портал.

Семејството Колеви петнаесетина години живееле во Швајцарија и важеле за мирно и работливо семејство. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

Според швајцарски медиуми, за убиството се сомничи триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а полицијата треба да ги утврди точните околности под кои биле убиени таткото и синот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега