Детали за убиството на девојката во Нов Зеланд - откако ја задавил, убиецот се обидел да ги отстрани крвавите траги

Трагите крв кои истражувачите ги пронашле во хотелска соба во која била убиена 22-годишната Британка, Грејс Милејн укажуваат на тоа дека во оваа соба било „чистено“, односно биле отстранувани трагите.

На судењето на мажот обвинет за убиство на несреќната девојка прикажани биле фотографии од наводни траги од крв во неговиот апартман, кои како докази ги изнеле полицајците кои на лице место користеле хемиски супстанци за утврдување на остатоци од крв - хемиски луминол.

Научничката Дијана Кренфелдт, од Институтот за наука и заштита на животната средина, рекла дека пронашча две кружни дамки најслична на онаа од крвта меѓу креветот и гардероберот на обвинетиот.

„Помала од две дамки, може да доаѓа од кантата за отпад, што значи дека некој се обидувал да ги отстрани трагите“, рекла Кренфелдт.

Додала и дека дприсуството на крв на подот пружа силни докази дека имало чистење на траги.

Да потсетиме, Грејс беше убиена во Нов Зеланд од момче кое го запознала на Тиндер за време на груб секс. Откако ја задавил, го фотографирал нејзиното тело, а потоа отишол на состанок со друга девојка, додека мртвото тело на жртвата лежело во неговиот стан.

На судењето во Нов Зеланд било кажано дека Грејс била на патување околу светот и дека исчезнала на 22. роденден минатата година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега