Детална прогноза за цела недела: Се враќаат жештините

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.

21.07.2021 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа