Детална временска прогноза: Во петок промена на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утре и в среда ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.

21.09.2021 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега