Детално го анализирал ТикТок: Веднаш избришете го

Корисниците на ТикТок се повикаат веднаш да ја избришат апликацијата откако некој ја деконструирал платформата и  открил оти наводно се крадат лични податоци на корисниците.

Кинеската апликација за објавување и споделување кратки видеа и која е особено популарна меѓу тинејџерите не е ништо друго освен „услуга за собирање податоци маскирана како социјална мрежа“, вели корисникот на Редит кој преку методот на обратно инжерство ја анализирал апликацијата.

-Ако постои АПИ (интерфејст за апликативно програмирање) за добивање информации за вас, вашите контакти или уредот... па тие го користат, напишал меѓу другото во објавата која стана вирална.

Апликацијата наводно го следи хардверот на телефоните на корисниците, односно процесорот, потрошувачката на меморијата, просторот на дискот, како и останатите апликации кои корисниците ги инсталирале.

Открил дека апликацијата има неколку различни заштити кои ги спречуваат корисниците да го направат тоа што тој успеал.

-Однесувањето на апликацијата лесно се менува ако знаат дека се обидувате да сфатите што прават, пишува тој.

За споредба, истото го направил и со други социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм и Твитер, и вели податоците кои тие ги собираат се значајно помалку во однос на ТикТок.

Вели дека самата апликација на корисниците им го дава „вкусот на виралноста“ за да останат на платформата.

-Вашата прва објава веројатно ќе добие многу лајкови без оглед на тоа колку е добра, пишува тој.

03.07.2020 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа