Дете нападнато од мајка на соученик во Скопје

Дете било нападнато од мајката на свој соченик вчера во Скопје.

Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Карпош, 42-годишниот З.Е. од Скопје пријавил дека на 10.10.2018 година околу 18:30 часот на улицата „Женевска“ неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од 50-годишната С.Н.Т. - мајка на негов соученик. 

Според пријавеното, настанот го забележал неговиот брат 18-годишниот Ф.Е. и го оттргнал од С.Н.Т., по што  и двајцата заминале. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

12.10.2018 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега