Дете почина од Бубонска чума во Монголија- болеста која во средниот век уби 50 милиони луѓе веќе стигна во САД

По потврдени случаи во Монголија, каде едно момче починало, и во Кина, бубонската чума стигнала и до САД.

Верверица во Колорадо е позитивна на бубонската чума, објавија официјалните лица.

Верверицата била тестирана позитивно на 11 јули во градот Морисон, што е прв случај на чума во округот оваа година, се вели во соопштението на Одделот за јавно здравје на округот Џеферсон (JCPH), пренесува Си-Ен-Ен.

Оваа болест е присутна со векови и е одговорна за најсмртоносната пандемија во човечката историја. Се проценува дека 50 милиони луѓе во Европа починале за време на пандемијата на црна смрт во средниот век.
JCPH ја предупредува јавноста дека и луѓето и животните можат да бидат заразени со оваа болест доколку не се преземат мерки на претпазливост.

Болеста може да се пренесе со каснувања од мува и преку заразени животни. Иако современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт доколку се лекуваат доволно брзо, чумата сепак претставува голема опасност за луѓето и животните.

Болеста може да предизвика болни, отечени лимфни жлезди. Треска и кашлица се исто така симптоми што луѓето може да ги доживеат.

На 7 јули кинеските власти го потврдија случајот со бубонската чума во Монголија.

Да потсетиме, пред неколку дена беше објавено дека петнаесетгодишно момче починало од бубонска чума во Монголија, а десетици луѓе кои биле во контакт со него се во изолација.

Чумата неодамна се вратила, а Светската здравствена организација ја класифицирала како повторлива болест.

Што е бубонска чума?

Бубонската чума, предизвикана од бактериска инфекција, е одговорна за една од најсмртоносните епидемии во човечката историја – Црната смрт – во која починаа околу 50 милиони луѓе низ Африка, Азија и Европа во 14 век.

Оттогаш имало неколку големи епидемии. Таа уби околу една петтина од населението во Лондон за време на Големата чума во 1665 година, додека повеќе од 12 милиони луѓе починале во епидемии во текот на 19 век во Кина и Индија.

Денес, сепак, чумата лесно се лекува со антибиотици. Доколку не се лекува, болеста, која обично се пренесува преку болви од животни на луѓето, има смртност од 30 до 60 проценти.

Симптоми на чума вклучуваат треска, гадење, слабост и отечени лимфни жлезди во вратот, пазувите или препоните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега