Детектор анкета: Граѓаните го оценија образованието со слаба тројка


Граѓаните му дадоа слаба тројка на македонското образование. Најновото истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека граѓаните најдобра оценка му дале на основното, а најлоша  на средното образование.
Според него, средната оценка која граѓаните му ја дале на основното образование е 2,85. Средното образование е оценето со средна оценка 2,79, а високото со 2,84.
Во споредба со анкетата која за Детектор Институтот за политички истражувања Скопје ја изработи во мај годинава, се бележи благо намалување на средната оценка, кое е најизразено кај средното образование. Па така ако во мај, граѓаните на средното образование му дале средна оценка 2,89, во ноември таа паднала на 2,79. Кај високото образование, средната оценка на граѓаните од 2,90 во мај, паднала на 2,84 во најновата анкета во ноември.
Најмало намалување има кај основното образование. Од 2,86 во мај на 2,85 во ноември.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот меѓу 16 и 19 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега