Детектор: Мнозинство граѓани сметаат дека македонскиот буџет не може да го издржи членството во НАТО

Една третина од граѓаните сметаат дека македонскиот буџет нема да има капацитет да ги потребите за зголемено финансирање на одбраната кои произлегуваат со членството во НАТО, покажува најновата анкета која за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 33,1% од анкетираните сметаат дека македонскиот буџет нема да може да одговори на потребите и обврските за зголемено финансирање на одбраната кои произлегуваат од членството во НАТО. За разлика од нив, 30,4% од анкетираните сметаат дека буџетот има доволно капацитет да го финансира членството во НАТО.
Интересно е што наспроти овие податоци, големо мнозинство граѓани сметаат дека државата треба да ги зголеми трошоците за армијата. Дури 54,7% од анкетираните сметаат дека земјава треба да одвојува повеќе средства од буџетот за потребите на армијата, наспроти 19% кои го мислат спротивното.
Анкетата на Институтот за политички истражувања, по нарачка на Детектор беше спроведена телефонски во периодот меѓу 16 и 19 ноември годинава, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега