Девет албански државјани илегално влегле во Македонија, биле фатени откако сакале легално да ја напуштат државата.

Девет албански државјани во два наврати биле фатени како сакаат легално да ја напуштат Македонија, иако претходно нелегално влегле во државата.

-Во петокот во 17.10 часот од полициски службеници на Граничен премин „Ќафасан“ при вршење на гранични проверки врз моторно возило„ивеко фиат“ со албански национални ознаки во кое се превезувале Ш.О.(58), Р.Т.(31), Џ.Г.(36), Н.Г.(31), Р.Т.(27) и Х.Д.(21) сите од Р.Албанија, било констатирано дека истите немале остварено легален влез во Р.С.Македонија со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола, велат од полиција.

Лицата се приведени и предадени на полициски службеници од Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка.

-Во петокот во 16.30 часот на раскрсница за с.Мали Влај  на магистрален пат Струга - Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници од Полициска станица Ќафасан биле приведени Ф.О.(25), Б.Љ.(34) и К.А. сите од Р.Албанија бидејќи по извршени проверки било констатирано дека истите илегално ја преминале граничната линија помеѓу Р.Албанија и Р.С.Македонија во близина на Граничен премин „Ќафасан“ со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола, се вели во денешниот билтен на МВР.

 

Лицата се спроведени до Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега