Деветмина загинати во хеликоптерот на Коби Брајант- позната и причината за несреќата

Хеликоптерската несреќа во која вчера загина легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, се прими со шок и неверување во САД. Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија.

Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, сите се погинати, соопшти полицијата од Лос Анџелес.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џијана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џијана.

Коментаторите во САД веќе ја окарактеризираа трагичната несреќа како национална трагедија која ќе остане запаметена како и атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди или терористичките напади на 9 септември 2001 година.

Во текот на целиот вчерашен ден и вечерни часови, фановите и обожавателите започнаа да се собираат во „Стејплс“ арената во Лос Анѓелес во почит на великиот кошаркар.

Откако информацијата за трагедија се прошири по медиумите, река од пораки на сочувство во чест на Брајант протече низ цела Америка.

Денеска, на местото на несреќата, тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ), бараа докази и ја пребарува црната кутија од хеликоптерот.

Неофицијално, се дознава дека причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес вчера потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега