Дибала влегол во конфликт со директорот на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала вербално го нападнал директорот на клубот Фабио Паратичи по нерешениот резултат 1-1 против Кротоне, според „Тутоспорт“.

Според изданието, тој не бил задоволен што воопшто не учествувал на натпреварот, останувајќи на клупата. На неговата прес-конференција по натпреварот, тренерот Андреа Пирло рече дека не го пуштил Дибала да игра затоа што тренирал со тимот само 10 минути и натпреварот не бил погоден за тој да се појави на теренот.

Како што е познато, „Ла Хоја“ не играше на последните два меча на Аргентина, бидејќи страдал од гастроентеритис. Досега тој нема одиграно ниту една минута во сезоната, откако пред тоа имаше повреда на бутот. Дибала требаше да биде стартер против Наполи, но натпреварот не се одигра. Сепак, тој најверојатно ќе учествува на натпреварот против Динамо (Киев) во Лигата на шампионите.

Покрај тоа што се скара со Паратичи, играчот „лајкна“ објава на италијански новинар кој го критикуваше Пирло за неговата одлука да не се потпира на Аргентинецот на синоќешниот натпревар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега