ДИК: Арсовска освои повеќе гласови од Шилегов

Од 60 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37.08 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,59 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,30 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,04 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,61 проценти. Останатите кандидати имаа под еден процент, на ова отсто преброени гласови.

Излезноста е 56,83 проценти.

18.10.2021 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега