ДИК преброи 72% од гласовите за Скопје - Арсовска води со над 3.000 гласа пред Шилегов

Државната изборна комисија (ДИК) се уште ги пребројува гласовите од вчерашните локални избори. За Град Скопје досега се преброени 72,24% од гласовите, а според нив Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во благо водство пред Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.

Поточно, Арсовска засега има 61.300 гласови, а Шилегов 57.778 гласови, или 3.522 гласа разлика. Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 13.947 гласови.

18.10.2021 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега