ДИК: Секој има право да води пропаганда за референдумот

 

Владата, партиите, здруженијата на граѓани  и секој поединец имаат право да водат сопствена пропаганда и да ве убедуваат да гласате за, против или да го бојкотирате претстојниот референдум, но секој треба да обезбеди пари за тоа на соодветен начин објаснуваат од ДИК.

Посебен простор медиумите ќе треба да обезбедат само за овластениот предлагач – Собранието, останите ќе плаќаат по пазарни цени. Од ДИК велат надлежните институции ќе треба да контролираат чии пари ќе троши Владата.

-Кога се зборува за референдумот, се прави аналогија со изборите, но тоа не е така. Не може да се ограничи кој ќе води јавна пропаганда. Сите заинтересирани, граѓани, здруженија, сите имаат право на пропаганда, не може никому да се забрани. Владата и Собранието може да водат исто така пропаганда, но треба да проверат со кои пари може тоа да го прават – вели Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

Комисијата тврди дека ажурирањето на Избирачкиот список се врши континуирано и дека само низ управна постапка може да се утврдат евентуални злоупотреби со адреси и со лични документи.

– Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален, но ние како еден од одговорните за него правиме напори да го прочистуваме. Ги повикувам и граѓаните да пријавуваат промени на адреса, презиме, оти ова е заедничка работа на сите – рече Деркоски.

Од вчера до денеска  во 50-те дипломатско-конзуларни претставништва се пријавиле 158 граѓани од дијаспората. Најмногу пријави веќе има во Берн, Виена, Љубљана и Торонто. Тие што ќе одлучат да гласаат надвор од Македонија, ќе се водат на посебен список и го губат правото на 30 септември да гласаат во земјата.

 

 

 

 

10.08.2018 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега