Дилер „падна“ во рацете на полицијата – извршен претрес во Гази Баба

32-годишен скопјанец е уапсен откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.

-Вчера на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен по добиена судска наредба од Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана и вага. Б.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик, велат од полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега